Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, очекувано беше многу разочаран од ремито 1:1 во реваншот со Манчестер Сити и елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите. Тој смета дека на Баварците им недостигала среќа, а вкупниот резултат на двата натпревари не е реален.
„Повторно го надигравме Сити. Бевме подобри отколку во Манчестер. Но, како и минатата недела, ни недостигаше малку среќа да ги свртиме работите во наша корист. Многу сум задоволен од настапот на моите играчи. Наидовме против тим во најдобра форма во цела Европа, но бевме на исто ниво со нив. Сепак, сезоната продолжува и сега ќе се фокусираме на Бундеслигата. Имаше разлика во самодовербата и формата. Бевме казнети за неколкуте грешки што ги направивме на двата натпревари. Мислам дека резултатот не е реален“, рече Тухел.