Пеп: За да освоиш Лига Шампиони треба да се викаш Реал

2876

нТимот на Манчестер Сити по елиминацијата на Баерн Минхен во Лигата на Шампионите во полуфиналето од ова натпреварување ќе има можност да му се реваншира на Реал Мадрид за минатогодиншиот шок. Сити имаше се во своите раце на само две три минути до крајот на дуелот, а тогаш Родриго постигна два чудесни гола, го одведе мечот во продолжението, а таму Бензема ја запечати судбината на англичаните.
Сега, Сити и Пеп Ќе имаа можност да се реваншираат за тој пораз и конечно да стигнат во финалето во Лигата на Шампионите.

„Ми се чини дека ако сакаш да ја освоиш Лигата на Шампионите твоето име мора да е Реал. Тој клуб во ова натпреварување стана она што некогаш беше Барселона. Во Лигата на Шампионите се многу важни историјата и традицијата. Реал во последните тринаесет години единаесет пати играл полуфинале. Сепак, ние од друга страна исто така имаме три полуфинални дуели едноподруго, што е исто така неверојатен потфат. Не е толку важно дали ќе ја освои Лигата на Шампионите, важно е да се обидеш. Ако се обидеш доволно пати, можеби во еден од нив ќе имаш и доволно среќа да ја освоиш“ – изјави Пеп по синоќешниот меч против Баерн во Минхен.

 

ПретходноИнтер со носталгија гледа кон своите легенди: Гранде Пандев, Милито и Паласио вчера на Џузепе Меаца
СледноНа Роналдо му се заканува затвор или депортација од Саудиска Арабија (ВИДЕО)