Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, Вес Браун и официјално прогласи банкрот.
Кон крајот на февруари, Британската управа за приходи и царина (HMRC) поднесе барање за стечај на 43-годишниот Браун. Претставката беше регистрирана во Високиот суд во средата на 12 април и влезе во официјалниот јавен регистар.
Како играч на Манчестер Јунајтед, Браун заработуваше во просек по 60.000 евра неделно. Минатата година Браун се раздели од сопругата Лин и практично остана без огромен дел од капиталот.