И дефинитивно пропаднаа преговорите меѓу ПСЖ и Меси, Лапорта и Барса имаат план!

1524

И дефинитивно пропаднаа преговорите меѓу Лео Меси и ПСЖ. Иако траеја неколку месеци, тие вчера пропаднале и сега се знае дека Лео ги игра псоледните мечеви како фудбалер на ПСЖ. Не помогнале ни советите на пребогатите шеици од Катар кои инсистирале Лео да остане во Париз уште две години.

Сумата која ПСЖ му ја понудиле на Меси била премала за да тој прифати нов договор, се шпекулира дека била помала од 35 милиони евра годишно колку што сега зема.

Ова значи дека Лео и дефинитивно се враќа на “Камп Ноу“ а за да тоа се оствари, првиот човек на Барса, Хоан Лапорта има план како да ја врати клупската икона.

Имено тој ќе им се заблагодари на повеќе свои играчи кои ќе мора да си заминат за да се запази финансискиот фер-плеј па така да се обезбеди место за Меси.

ПретходноВардар 1961 го “прескокна“ и вториот тим на Пелистер!
СледноМетла на “Олд Трафорд“: Тен Хаг ќе се ослободи од 12 играчи!