Шкендија (А) – Тиквеш 1:1 во првиот меч од 12.коло. Ова е исходот од овој меч кој се одигра попладнево на стадионот на Чаир под ужасни услови ако се знае каков беше теренот.
Домашните поведоа со голот на Марко Симоновски во раната фаза од средбата, конечните 1:1 ги постави Лусианињо во 76.минута.
Без разлика на ужасниот терен и двете екипи прикажаа добар фудбал со многу шанси на двете страни.
На крај без победник, се чини реален исход.
Па така Шкендија (А) и натаму е без победа, петти меч во серија, а Тиквеш не успеа да се одмазди за единствениот пораз сезонава кога во 3.коло на 15 август дома загуби од Шкендија (А) со 0:1.
Домашните поведоа уште во 5.минута и тоа со голот на Марко Симоновски кој убаво се снајде пред гостинскиот гол и ја затресе мрежата на Стевковски.
Следуваа големи шанси за гостите преку Окере и Лавал, но нема израмнување, домашниот голман Столевски беше одличен на својот гол.
До крајот на првиот дел тимот од Арачиново можеше да поведе и со 2:0. но шутот на Елези за малку беше непрецизен.
Само што започна второто полувреме гостите преку Лавал и тоа како опасно се заканија, тоа беше зицер за 1:1, но одново Столевски брани. Во 50. и 53.минута Елези и Симоновски имаа свои шанси за удвојување на водството, но сега Стефковски беше одличен на голот на Тиквеш.
И тогаш како казна, во 76.минута по големиот кикс на потесната одбрана на арачиовци, Лусианињо успеа да ја смести топката во мрежата на домашните за 1:1. Конечно Тиквеш постигна гол откако пропушти неколку големи шанси.
Нфанли Сила во 85.минута од слободен удар шутираше, но за малку непрецизно. Шкендија Арачиново имаше многу, многу среќа во тие моменти.
На другата страна голем кикс на Стевковски и Окере, Мехмед можеше со гол за 2:1 да казни, ама за среќа за гостите не случи тоа.
Па така на крај по последниот свиреж на судијата Стојанче Стојанов, резултатот гласеше 1:1.



















