Лајовиќ го шокираше Новак во Бања Лука

167

Иако беше огромен фаворит, сепак, Новак Ѓоковиќ нема да го освои ниту пак ќе игра во завршницата од турнирот во Бања Лука. Иако неколку илјадната публика жестоко навиваше денеска тоа да се случи очигледно дека поддршката позитивно влијаеше не за Новак туку, за во моментов 70. пласираниот тенисер на светот, Душан Лајовиќ.

Во еден од најдобрите негови мечеви во кариерата, Лајовиќ одигра феноменално и ја искористи слабата форма на Новак во моментов.

Конечните 6:4 7:6 (8:6) се доволен показател за настаните на овој меч, а ако на ова се додаде дека во досегашните два дуели со Новак, Лајовиќ имаше освоено само четири гема станува јасно за каква сензација станува збор.

 

ПретходноТоронто го смени тренерот кој му ја донесе титулата во НБА лигата
СледноРакитиќ: Играчите на Јунајтед едвај чекаа да си заминат дома