Артета пред дербито идната недела: Можеме да го победиме Манчестер Сити

191

Во рамките на 33. коло на Премиер лигата, Арсенал ќе гостува на „Етихад“ против директниот конкурент за титулата – Манчестер Сити. Мечот ќе се игра на 26 април.
И покрај трите едноподруго ремија во шампионатот, тренерот на „топчиите“, Микел Артета верува во победа на својот тим.
Едвај го чекам овој натпревар. Тоа се мечеви кои сакате да ги играте. Одиме таму за да победите. Ќе се спремиме за три бода. Ако победиме ќе биде многу добро. Се согласувам дека сега (по ремито со Саутемптон во петокот) задачата ни е потешка, но мораме да притискаме.

Дали сум сигурен дека ќе го победиме Сити? Да, можеме да го победиме. Благодарение на она што го видов во петокот, верувам дека можеме. Тоа беше добар пример за тоа какво ниво можат да покажат моите играчи – како се способни да играат против тежок противник во тешки услови.
Карактерот на овој тим е неверојатен и мора да се обидуваме повторно и повторно“, изјави Артета за Sky Sports.

Арсенал на натпреварот доаѓа на првата позиција со 75 бодови. Манчестер Сити и понатаму е втор со четири бода помалку но и два меча помалку.

ПретходноПет гола за 45 минути на „Енфилд“, Лестер и Евертон си ги заменија местата во опасната зона (видео)
СледноИсториски момент во Португалија – Миура дебитираше на 56 години (видео)