Лоша вест за Алкалоид, за Петров сезоната е завршена!

284

Алкалоид во продолжение на сезоната ќе остане без услугите на Костадин Петров. Искусниот пикер се повреди на мечот против Охрид во 11 коло во плеј-офот, а според она што се случуваше на теренот се претпоставуваше дека станува збор за сериозна повреда.

Петров утре ќе се оперира, а според првичните прогнози тој ќе биде надвор од терените од најмногу шест месеци.

За Алкалоид ова е голем хендикеп бидејќи го чека завршницата во домашниот шампионат каде дефинитивно ќе заврши на третото место, но и Купот на Македонија, каде за првпат во својата историја ќе игра полуфинале.

ПретходноНестварно: Во 21.минута Њукасл има 5:0 против Тотенхем!
СледноЛазаров со кратко објаснување за Манасков: Пред и за време на СП имавме непријатно искуство!