Георгиевски: Пласманот на ЕП 2024 ќе биде совршено збогум!

101

Гоце Георгиевски со крајот на квалификациите за пласман на ЕП2024 година ќе стави крај на својата репрезентативна кариера. Искусното крило ги прескокна мечевите со Португалија во договор со Кирил Лазаров, а сега се врати пред домашната публика против Турција да се збогува со националниот дрес.

Македонија полека се гради, па Гоце сака шанса да добијат помладите ракометари кои се покажаа како квалитетни и достојни да го наследат дологодишниот репрезентативец.

„Ова е мојата финална одлука. Ги играм двата последни натпревари за репрезентацијата. Мислам дека е исправна одлука, дека има доста квалитетни играчи во тимот за добра иднина. 
Подготвен сум за овие два дуела, сега сум ОК, но ќе видиме во среда и недела, тогаш емоциите сигурно ќе бидат посилни и поинакви. 
Најдобар начин да се простам со репрезентацијата е со победа и пласман на ЕП, сигурен сум дека тоа ќе го оствариме“, изјави Гоце Георгиевски. 

ПретходноЛазаров со кратко објаснување за Манасков: Пред и за време на СП имавме непријатно искуство!
СледноТалески реален: Ако не ја оствариме целта – тогаш да не доаѓаме тука!