Струмица Н. направи „брејк“ во Велес и дојде на победа до одбрана на титулата

134

Во интересен и неизвесен дуел до самиот крај, одбојкарите на актуелниот шампион Струмица Никоб славеа со 1:3 (19:25, 25:21, 20:25, 25:27) над ГОК Борец во вториот финален меч од плеј-офот. Вечерва во Велес, домашниот тим се покажа како жилав и достоен противник, но не успеа да се избори за поповолен резултат, иако во четвртиот сет имаше шанси и за тај-брејк.

Струмичани отворија со убедливи 25:19 во првиот сет, по што следуваше одлично издание на ГОК Борец во вториот, по кој со 25:21 израмни на 1:1.

Струмичани одиграа доминантно во третиот сет, ги искористија грешките на домаќинити во финишот на сетот и поведоа со 2:1. Во завршниот четвртти сет, имаше вистинска драма до последниот поен кој им припадна на гостите за 27:25 за конечни 3:1.

Следниот меч кој може да биде и клучен за шампионската титула ќе се одигра во Струмица.

ПретходноТиквеш излезе од криза, Бутел падна во „Јасмин“
СледноАврамовски му донесе победа на Сараево (ВИДЕО)