Романо тврди дека во Челзи паднала одлуката за новиот тренер!

203

Челзи моментално е 11-та екипа во Премиер-лигата и нема победа на шест натпревари по ред во сите натпреварувања. Привремениот тренер Френк Лампард не успеа да го разбуди тимот по заминувањето на Греам Потер, а во меѓувреме клубот работи на доведување тренер за новата сезона.

Според информациите на Фабрицио Романо, тоа би требало да биде Маурицио Покетино, кој е без работа од летото 2022 година, по разделбата со ПСЖ.

Аргентинецот има големо искуство во Премиер-лигата бидејќи успешно ги водеше Саутемптон од 2013 до 2014 година и Тотенхем од 2014 до 2019 година. Романо додава дека оваа недела ќе влезе во финалната фаза од преговорите и дека Аргентинецот е првиот фаворит на раководството на Челзи.

Кандидат е и Винсент Компани кој со Барнли убедливо избори промоција од Чемпионшип во Премиер-лига, додава Романо.

ПретходноМакедонија Ѓ.П ќе го пречека Скопје на стадионот „Петар Милошевски“
СледноТренерот на Тотенхем по срамот: Ова никогаш не сум го доживеал!