Дисциплинската комисија при Олимпискиот комитет на Македонија по пријава поведе постапка против Борко Ристовски и поради прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник и му изрече суспензија.
Ристовски во ТВ емисија изнесувач лаги и клевети на сметка на претседателот на МОК, Даниел Димовски, па пријавата доаѓа токму од првиот човек.
Поранешниот македонски репрезентативец и сегашен член на Вардар 1961 заработи суспензија од четири години за вршење на работа во олимпискиот спорт во последните четири години. Оваа одлука е доставена до Ракометна федерација на Македонија и до РК Вардар 1961.
Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.