Утре се играат сите натпревари од 29.коло во ПМФЛ и 26.коло во ВМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите овие средби. Па така на скопското дерби на спортскиот центар „Петар Милошевски“, каде што Македонија ЃП го дочекува Скопје, главен судија ќе биде Александар Грујоски. На Чаир ќе суди Игор Стојчевски, во Стрига правдата ќе ја дели Ндерим Тефику, а во Тетово “главен“ ќе биде Александар Ставрев.
Во ВМФЛ на мечот меѓу Кожув и Воска на “центарот“ ќе биде Јосип Бартон, додека на Вардар, на мечот со Слога (В), главен судија ќе му биде Сашко Ристов.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 29.КОЛО (ПМФЛ) – СРЕДА (16 Ч)
Македонија ЃП – Скопје: Александар Грујоски (Кичево)
А. Пандев – Победа: Стојанче Стојанов (Штип)
Струга ТЛ – Тиквеш: Ндерим Тефику (Куманово)
Шкупи – Брегалница: Игор Стојчевски (Скопје)
Шкендија – Силекс: Александар Ставрев (Скопје)
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 26.КОЛО (ВМФЛ) – СРЕДА (16 Ч))
Пелистер – Караорман: Влатко Илиоски (Прилеп)
Борец – Пехчево: Доне Ристовски (Гевгелија)
Детонит – Саса: Фуркан Идризи (Тетово)
Охрид – Беса: Дени Лековски (Битола)
Арсими – Гостивар: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Кожув – Воска: Јосип Бартон (Скопје)
Вардар – Слога (В): Сашко Ристов (Струмица)
Тетекс – Беласица: Боби Величков (Велес)