Лео Меси ја користи секоја можност кога има неколку слободни денови за да се врати во својата куќа во Барселона, а медиумите во Шпанија тоа го толкуваат како негова демонстрација на големата желба да се врати во дресот на Каталонците. Тоа како желба не го крие ниту каталонскиот клуб, но новинарите се прашуваат дали оваа љубов може да се случи ова лето?
Гласините за враќањето на Лео Меси во Барселона се поживи од кога било, а неговото можно враќање зазема повеќе простор на насловните страници отколку толку фалената шампионска титула за тимот на Чави. Сепак, според шпанските весници, ова е приказна има малку реалност, пред се од финансиска гледна точка. Лапорта жестоко посакува враќање на Меси за да го поправи неговиот имиџ во клубот и кај навивачите, но реалноста во моментов е сосема поинаква. За да го донесе Меси, лапорта мора да најде пари. Прашањето за ограничувањето на платите и фактот дека Барселона мора да ги намали трошоците за плати за 200 милиони евра, ја парави операцијата за доведување на Меси скоро невозможна.
Можеби ова е причината што засега на масата на таткото на Меси има само две реални понуди: нов договор со ПСЖ и астрономска понуда од Ал Хилал од Саудиска Арабија.