Сите билети за мечот меѓу Наполи и Салернитана од Серија А се распродадени. Мечот во кој е голема веројатноста домаќините да триумфираат и да ја слават титулата во Италија, предизвика лавина интерес за билет повеќе за место на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Сепак, титулата на Наполи ќе зависи и од друг натпревар, а тоа мечот меѓу Интер и Лацио.
Наполи ја пречекува Салернитана в сабота од 15 часот, но клубот побарал промена на терминот и мечот да се игра во недела во 12 часот и 30 минути, кога е закажан и мечот меѓу Интер и Лацио.
Капацитетот на „Диего Марадона“ е нешто повеќе од 54.000 седишта. За да се избегнат какви било проблеми, симпатизерите на Салернитана нема да можат да влезат на стадионот. Поради оваа причина, нивниот сектор засега останува празен.