Документ кој јасно кажува како МКФ стана КФСМ и кој е вистинскиот „кум“!

5598

Кошаркарската федерација на Македонија е една од ретките федерации коja направи промена на името, откако и нашата земја беше принудена да го стори истото.

МКФ на 30. април 2019 година стана Кошаркарска федерација на Северна Македонија, момент кој на никого не му се допадна, бидејќи оваа одлука беше избрзана и истата можеше да почека до одредено време, ниту пак беше итна.

Јавноста го осуди Перо Антиќ, бидејќи на денот кога стана прв човек на федерација беше сторена оваа промена.

Но, приказната за оваа одлука има друга страна. СПОРТМЕДИА дојде до документот.

Дневниот ред на 30. април 2019 година убаво покажува дека пред изборот на нов претседател, тогашниот прв човеч Петар Наумоски со неговото раководство, како шеста точка ја ставиле и промената на името на МКФ во КФСМ. Па Наумоски заедно со останатите членови ја изгласаа оваа промена.

Изборот на нов претседател е после оваа точка на дневен ред, па оттука оние „огнени стрели“ кон Перо Антиќ се чини се испратени на погрешна адреса, бидејќи Наумоски и неговите соработници се „кумовите“ на КФСМ.

Во продолжение можете да го погледнете документот од дневниот ред.

ПретходноПочна продажбата на билети за мечот со Турција
СледноЛазаров одбра: Познат е составот за дуелот меѓу Македонија и Луксембург!