Иџе не ја заврши втората трка на “Валелунга“

236

Голема штета. Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе не успеа да ја заврши втората трка на “Валелунга“ во рамките на ТЦР – шампионатот на Италија.

Стефановски по седум минути мораше да ја напушти патеката. Тој одлично се снајде, откако на момент излета од патеката, од 14. место дојде до 8. место, имаше шанса да го нападне и седмото место, но засега од непознати причини мораше пред време да ја заврши трката.

За постетување македонскиот возач првата трка ја заврши на шестата позиција.

Следната трка на која ќе учествува Иџе е во Имола од 23-25 јули.

ФОТО: PMA Motorsport

ПретходноИталијанците навиваат за Португалија: Полесно ќе се справиме со Роналдо
СледноСоиграч на Елмас подари две амбуланти, десетина илјади маски, медицинска опрема!