Полувреме: Македонија води со два гола на гости кај Луксембург!

205

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Луксембург има водство од 12-14 во меч од претпоследното квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 година. Триумф на оваа средба за „црвено-жолтите“ ќе значи широко отворени порти кон континенталното натпреварување.

Голманот на Луксембург е вистински проблем има девет одбрани, додека Кајсен постигна седум погодоци. Кај нас, Кизиќ запиша три одбрани, Митревски две. Талески има четири гола, Пешевски три, додека Кузмановски два.

За разлика од мечот во Скопје, домашниот тим се прикажа во едно поинакво издание. Противникот отвори многу подобро, поведе со 3-1 во петата минута. Позитивата од два гола, Луксембург ја одржуваше до 10 минута (4-2, 5-3 и 6-4, во својот состав ги имаше распложените голманот Херман и Кајсен (постигна четири од првите пет гола за својот тим). Талески со три гола во низа израмни приреди целосен пресврт и го донесе првото водство на мечот (6-7) во 13 минута. Македонија не искористи два напади да дојде до поголема позитива, и тоа додека противникот имаше играч помалку.

После седум минути, Луксембург успеа да реализира во нападот за 7-7, па и да го врати водството. По промашениот седмерец на Кузмановски, домаќинот казни за 9-8 во 21 минута.

Со головите на Серафимов, Пешевски и Кузмановски, ракометарите за првпат дојдоа на плус два 9-11 во 25. минута. Избраниците на Лазаров се мачеа со мотивираниот противник, кој го имаше распложениот Херман. Лазаров направи промена на голот, на местото на Митревски влезе Кизиќ.

Противникот израмни на 11-11. Следеше нова серија за нашите момци, Пешевски со два гола, одбрана на Кизиќ и гол на Кузмановски донесоа плус три (11-14) во 29 минута. На одморот резултатот е 12-14.

ПретходноВечно дерби бр.170: Празни трибини, празни мрежи…
СледноБлескава партија на Македонецот: Нено сам го победи Зенит, го “изрешета“ со 32 поени!