Вечерва трета пресметка кај дамите во битка за титулата

160

Откако по првите два меча од финалната серија Работнички и Јанта Волеј остварија по една победа пред своја публика, вечерва (20.15 часот) во салата на СЦ „Борис Трајковски“,  ќесе одигра третиот финален меч од серијата до три победи.

Работнички ја има предноста на домашниот терен, која доколку ја искористи ќе дојде на меч-топка до новата шампионска титула која ќе ја бара на следното гостување кај Јанта волеј. Гостинките, пак, ќе се обидат да направат „брејк“ и на домашен терен во четвртиот меч да се обидат да направат сензација.

И двата скопски состави се големи ривали на женската одбојкарска сцена во последните сезони, а тоа значи дека и вечерва ќе има доволно заинтересирани навивачи кои ќе го следат мечот во живо во големата сала на СЦ „Б. Трајковски“.

ПретходноФортуна Дизелдорф ги отвора трибините: Во Германија на стадион ќе се оди за џабе!?
СледноЗа Рамсдејл нема бело знаме: Не игравме 9 месеци за да се откажеме по пет средби