Фортуна Дизелдорф ги отвора трибините: Во Германија на стадион ќе се оди за џабе!?

273

Фортуна Дизелдорф ќе им понуди бесплатни влезници на сите навивачи за одредени натпревари следната сезона како дел од новата стратегија чија цел е зајакнување на врската меѓу фудбалскиот клуб, градот и навивачите.

Официјалните лица на клубот најавија дека ќе бидат достапни бесплатни билети за најмалку три натпревари следната сезона за сите фанови кои ќе се пријават на платформата преку која ќе се врши ждрепка, а трошоците ќе ги покриваат спонзорите.

„Ќе го отвориме фудбалот за сите, ќе имаме бесплатен влез во лигашки натпревари“, изјави Александар Јобст, извршен директор на клубот од Дизелдорф.

Тој истакна дека пилот фазата на проектот ќе опфати три натпревари следната сезона.

„Фортуна им припаѓа на пријателите и членовите. Имаме одговорност да ги поставиме темелите за успешна иднина. Тоа е нашиот компас“, нагласи Јобст.

Фортуна моментално го држи петтото место на табелата во 2. Бунделсига, а минимални се шансите да се пласира во баражот за пласман во Бундеслигата.

Претходно„Километарски“ колони за билет за Партизан – Реал (М) (ФОТО)
СледноВечерва трета пресметка кај дамите во битка за титулата