Удинезе поразен од Лече, Несторовски одигра цел меч

86

Лече го совлада Удинезе со 1:0 во меч од 32.коло на италијанската Серија А. Голот вреден златни три бода за Лече во борбата за опстанок го постигна бразилскиот интернационалец Стрефеца (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК) во 62 минута од пенал.
Со тоа Лече ја прекина серијата од осум натпревари без победа (седум порази и едно реми) и фати важни бодови во трката за опстанок. Моментално е на 16. место.
Удинезе има 42 бода на 11. место.
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути.

ПретходноКадетите подобри од Хрватска на втората контрола!
СледноПотврдени најавите на СПОРТМЕДИА: Јошко Миленкоски е нов селектор на одбојкарите!