Во рамките на 32 коло на турската Суперлига се игра мечот меѓу Сивас и Фенербахче, а почетокот на мечот го одбележа стравична повреда на гостинскиот фудбалер Енер Валенсија. Во осмата минута домашниот голман Али Сасал Вурал во желба да ја „избоксира“ топката по центаршут го удри напаѓачот на Фенербахче.
Фудбалерот од Еквадор падна како „покосен“ и остана без свест. Медицинската екипа на тимот од Истанбул му помогна на играчот да се освести, меѓутоа мораше да интервенира возилото на Брза помош кој го однесе Валенсија во болница.
#ATENCIÓN
El seleccionado ecuatoriano y jugador del Fenerbahçe turco Enner Valencia fue sacado en ambulancia del campo por esta jugada peligrosa con el portero rival. Noticia en desarrollo… pic.twitter.com/nxKmmCJ3BU— Minuto & Medio (@MinMedio) April 29, 2023