Фабрицио Романо: Барса и Меси конечно се договорија

182

Ескпертот за трансфери Фабрицио Романо, предмалку на Твитер објави дека конечно Барселона и Лионел Меси нашле заедични јазик околу новиот договор. Аргентинецот ги прифатил понудените услови од страна на клубот, и тој ќе потпише нов договор со траење до 2023 година.

Со ова се става крај на една сага која трае веќе една година, од моментот кога Лионел Меси шокирачки побара да си замине од клубот. На среќа на цела Каталонија, не замина тој туку тогашната владеачка структура во клубот, и беше заменета со Хуан Лапорта човекот кој има исклучително добри односи со Меси, па беше јасно дека работите ќе заминат во сосема спротивниот правец.

 

ПретходноИнтер го сака Белерин на позајмица од Арсенал
СледноОфицијално Тодибо е нов член на Ница