Мареј и Јокиќ го „прегазија“ Феникс, Дурент во неверување по новинарско прашање (ВИДЕО)

2685

Кошаркарите на Денвер со победа ја отворија полуфиналната серија на Западот, откако на домашен терен го совлада Феникс со убедливи 125-107.

Нагетси беа предводени од тандемот Јокиќ – Мареј, за кого гостите немаа решение. Денвер само во една четвртина постигна помалку од 30 поени.

Мареј мечот го заврши со 34 поени, додаде уште девет асистенции и пет скока. Српскиот центар беше стрелец на 24 поени, зад неговото име запиша уште 19 скока.

На другата страна на теренот, Кевин Дурент имаше 29 поени, а Букер застана на 27 поени, но тоа не беше доволно за брејк.

По мечот во центарот на вниманието се најде Кевин Дурент, кој имаше интересен одговор на прашањето дали е изненаден од Денвер и неговата игра.

„Нагетс. Изненаден: Дали сум изненаден? Не!, во неверување одговороти Дурент, кој додаде: Луѓето се во право кога станува збор за Денвер, го имаат двократниот освојувач на МВП признанието, имаат широк ростер. Не, не сум изненаден. Способни се да победуваат. Ние мора да работиме на себе, се радувам на вториот меч“, изјави Дурент.

ПретходноМурињо: Нашиот женски тим има добрa фудбалерка, можеби таа може да игра за нас!
СледноБајден повторно направи проблем, Ѓоковиќ го пропушта УС Опен?