Репрезентацијата на Чешка одигра фантастичен меч во рамките од осминафиналната фаза од ЕУРО и го совлада фаворизираниот соатав на Холандија со конечни 2:0 на преполниот стадион во Будимпешта.
И покрај тоа што на Чесите малку кој им даваше шанса во овој дуел, тоа нив очигледно само ги мотивираше па му одржаа вистинска фудбалска лекција на противникот.
Клучниот момент на мечот се случи на стартот од вториот дел кога Матијас Де Лихт играше намерно со рака пред својот шеснаесетник и нормално за тоа доби исклучување, а потоа Чешка тотално издоминира. Поведе преку Холес, а Шик само ја запечати судбината на Холанѓаните.
República Checa soñando con lo impensable: ELIMINAR A HOLANDA. Acá el gol de de Tomas Holes. #Euro2020 pic.twitter.com/JnU0TZq7NN
— Raúl Muñoz (@RaulMunozMEX) June 27, 2021