Затоа Реал Мадрид е кралски клуб. Шпанија не е Македонија каде што еден терен се реновира по неколку месеци, на „Сантијаго Бернабеу“ тоа го прават за неколку денови.
Синоќа на мечот Реал – Алмериа 4:2, тоа беше „зелен тепих“, а утринава на „Сантијаго Бернабеу“ ораница.
Само што зврши мечот, работниците влегоа на терен почнаа да работат и за неколку дена повторно ќе биде уште подобар “зелен тепих“.
Така тоа се прави во Мадрид, во Реал Мадрид.