Доријан Бабунски продолжува пролетва да ја гаи својата невидена форма. Истата е олицетворена во веќе двоцифрен број на голови сезонава, што секако е ектра изведба за еден наш интернационалец.
Бабунски попладнево е стрелец во победата на својот Дебрецин над тимот на Мол од конечни 2:0.
Нашиот репрезентативец погоди во 52. минута, го отвори резултатот, а потоа Боди ги постави конечните 2:0.
Ова е единаесетти гол на Бабунски во овогодинешниот шампионат на Унгарија, а летово тој очигледно дека ќе има голем број на понуди да го направи трансферот на кариерата.