Филип Кузмановски немаше среќа да го заврши последниот квалификациски меч и заедно со своите соиграчи од репрезентацијата да го прослави пласманот на Европското првенство 2024.
Во 22. минута беше изнесен од теренот на носилка. Кузмановски незгодно доскокна и го превитка скочниот зглоб. Неговата реакција доволно говореше дека тој не може да го продолжи мечот, тој не само што беше изнесен од теренот, туку веднаш ја напушти салата.
Кузмановски веќе во Германија каде ќе му бидат извршени дополнителни прегледи по кои ќе биде познато колку време ќе треба да паузира и секако за каква повреда станува збор.