На Ла Лига не и требаше многу време за да ја разочара Барса, ваквата одлука најмногу го погодува Меси!

3240

Каталонскиот гигант со сите напори се обидува ова лето на „Камп Ноу“ да го врати Лионел Меси, откако тој беше приморан во 2021 година да го напушти клубот.

Овој трансфер е многу тешко да се оствари, бидејќи Барселона ја преминува горната граница на плата која ја наметна Ла Лига (не повеќе од 70% од приходот на клубот), од истата причина на Меси не можеа да му понудат нов договор во 2021 година.

Според шпански „Спорт“, раководството на Ла Лига категорично го одби планот за изведување на овој трансфер. Жоан Лапорта беше убеден дека големиот план ќе го врати Меси на „Камп Ноу“, но се тргна спротивно.

Барселона бараше од Ла Лига побара рок од три години за да успее да ја намали вкуната сума на плата за да може да регистрира нови играчи, што пак е невозоможно во сегашните услови.

Сето ова е одбиено од страна на првиот човек, Хавуер Тебас. Барселона минатото лето потроши многу пари на Левандовски, Кунда и Рафиња. Тебас беше доволно јасен, им порача дека нема да можат да земаат засилувања ако не најдат начин да заработат.

Па во една ваква ситуација, единствен излезе за Барселона ќе биде продажба на дел од најголемите ѕзведи ова лето, за да може да ги заработи потребни 200 милиони евра.

ПретходноФилип Лазаров го однесе Интерактив во повисок ранг!
СледноТажна вест од Хрватска, почина Дамир Шолман!