Хрватските медиуми јавуваат дека по долго боледување денеска на 75-годишна возраст почина славниот кошаркар Дамир Шолман, легендата на сплитските „жолти“ и трофеен репрезентативец на Југославија.
Шолман освои два сребрени олимписки медали со југословенската репрезентација, прво во Мексико во 1968 година, а потоа во Монтреал во 1976 година.
Исто така, со Југославија двапати беше светски првак, со еден сребрен медал на СП.
Тој е најдобар стрелец на КК „Сплит“ (поранешна Југопластика) на сите времиња со 5.783 поени.
Во сезоната 1972/73. играше со Југопластика во финалето на Купот на победниците на куповите, додека во 1975/76 година и 1976/77 година го освои и Купот на „Радивоје Кораќ“ со сплитските „жолти“.