На денешен ден 28 јуни 1997 година, во Лас Вегас се одржа една од најпознатите борби во историјата на боксот. Американците Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон се бореа за титулата во тешка категорија, според ВБА .
На околу 40 секунди пред крајот на третата рунда се случи голем инцидент во кој Тајсон одгриза дел од десното уво на неговиот противник. После тоа, дуелот беше прекинат и Тајсон беше казнет со намалување на два поени. По четири минути, дуелот продолжи, но Тајсон повторно направи инцидент, овој пат го гризна левото уво на противникот и беше дисквалификуван.
Некогаш најдобриот боксер на светот не сакаше да се согласи со одлуката на судијата, па целосно ги изгуби нервоите и предизвика тепачка со чуварите и луѓето од таборот на Холифилд.
Спортската комисија во Невада тогаш го казни Тајсон со 3 милиони долари казна и едногодишна суспензија.