Претставниците на голманот Андре Онана се сретнаа со раководството на Интер за да разговараат за иднината на 27-годишниот фудбалер, а не е исклучен евентуален трансфер во Челзи.
Камерунскиот интернационалец минатото лето му се приклучи на миланскиот гигант од холандски Ајакс и веќе го привлече интересот на неколку клубови од Премиер лигата. Меѓу можните кандидати се и Челзи и Манчестер Јунајтед.
Онана тврди дека е среќен во Интер, но можно е да биде продаден за понуда поголема од 45 милиони евра.