Арсенал се врати на врвот, Челзи веќе влезе во агонија (ВИДЕО)

344

Арсенал со победа од 3:1 над Челзи се врати на првото место во англиската Премиер лига. Вечерва „топчиите“, конечно, победија по пост од 4 меча, додека Челзи ја продолжи агонијата.

Избраниците на Микел Артета мораа да го добијат овој меч за да останат во шампионска трка со Манчестер Сити. Челзи го претрпе четвртиот последователен пораз во лигата и се наоѓа на 12. место со 39 бодови, само 9 бода повеќе од тимовите кои се борат за опстанок.

Головите за Арсенал вечерва ги постигнаа Одегард (18’ и 31’) и Габриел Жезус (34’). Почесниот гол за гостите беше дело на младиот Мадуека во 65. минута.

ПретходноРБ Лајпциг го прегази Фрајбург за четврто финале во Купот на Германија
СледноДончиќ со Далас ќе игра два меча против Минесота во Абу Даби