ЛА Лејкерс го победија Голден Стејт на гостински терен со 117-112 во првиот полуфинален натпревар во Западната конференција.
По обрачите доминираше Ентони Дејвис, заедно со Леброн Џејмс покажаа многу повеќе од Стеф Кари и Кајл Томпсон, доволно за водство од 1-0 во серијата прв до четири победи.
Дејвис постигна 30 поени и зад своето име додаде 23 скока, со овој учинок постана првиот кошаркар на ЛА Лејкерс од Шекил О’Нил по 2004 година, кој во едно доигрување имал барем 30 поени и 20 скока. Дејвис на своето остварување додаде пет асистенции и четири блокади.
Леброн Џејмс имаше 22 поени, 11 скока, четири асистенции и три блокади.
На другата страна , Кари беше стрелец на 27 поени, додека Томпсон запипа 25, но и двајцата промашуваа многу.
Њујорк победи на вториот меч против Мајами со 11-115 и изедначи на 1-11 во плеј-оф серијата на Истокот. Џејлен Брунсон постигна 30 поени за Никс во меч во кој Мајами беше без својата најголема ѕвезда Џими Батлер.