Еквадор извлече реми против „резервистите“ на Бразил (ВИДЕО)

295

Еквадор успеа да извлече 1:1 против Бразил во Гоиас во натпреварот од последното коло во групата „Б“ на Копа Америка 2021. Со тоа Еквадорците ја прекинаа низата на противникот од десет последователни победи.

Натпреварот не беше значаен за домаќините, бидејќи „кариоките“ веќе го обезбедија првото место и пласманот во четвртфиналето, а главниот тренер Тите им даде пауза на повеќето стартери, вклучително и на Нејмар.

Едер Милитао го донесе Бразил во водство со гол со глава во 37-та минута, но резервистот Анхел Мења изедначи на осум минути по паузата.

Бразил заврши на врвот на групата со 10 бода, а Еквадор како четврти со само 4 бода. Перу останува втор со 7 бода по победата од 1-0 над Венецуела.

ПретходноДенот кога Тајсон му го одгриза увото на Холифилд (ВИДЕО)
СледноИгор Ангеловски е еден од тројцата финални кандидати за тренер на Фенербахче