По се она што се случи утринава во Белград, по оној масакр во кој еден тинеџјер уби неколку свои соученици, сите се во шок.
Александар Ѓорѓевиќ, иконата на Партизан и српската кошарка, исто така легендата на екс – југословенската кошарка, легендата на Реал Мадрид, емотивно ги замоли и Партизан и Реал утрешниот четврти меч од 1/4 финалето во плеј – офот во Евролигата, да го одложат.
“Шок, неверица. Сочуство до сите семејства на настраданите. Моја Србијо, мои Партизан и Реал, реагирајте човечки и одложете го овој натпревар. Сега на никого не му е до радости на инавивање после ваква трагедија“ се огласи Ѓорѓевиќ.