Игор Ангеловски е еден од тројцата финални кандидати за тренер на Фенербахче

1724

По разделбата со Емре Белизоглу, бројот на кандидати за нов тренер на екипата на турскиот гигант Фенербахче се стесни на само три имиња. Како што утрово пишуваат турските медиуми, „жолто-сините“ во многу скоро време треба да го објават името на новиот тренер кој ќе работи со тимот во новата сезона.

Бројот на кандидати со кои досега управата на фенербахче направила разговори се многу, но само тројца влегуваат во завршни преговори. Еден од нив е селекторот на Македонија кој ја предводеше нашата репрезентација на Еуро 2020, Игор Ангеловски.

Популарниот „Мрме“ е прв кандидат за тренерското место во Фенер, а негови противкандидати се и Марко Силва и Ненад Бјелица.

Фенербахче ќе го објави својот нов тренер по конечната одлука која се чека од страна на претседателот Али Коч.

ПретходноЕквадор извлече реми против „резервистите“ на Бразил (ВИДЕО)
СледноРој Кин: Да бев Роналдо ќе го бркав Феликс по соблекувалната!