По цели осум години минати во тимот на Ливерпул, ветеранот Џејмс Милнер на лето ќе се пресели во тимот на Брајтон.
Она што неколку дена се најавуваше добива и официјализација во едногодишната соработка која што ќе ја потпишат Милнер и Брајтон.
Милнер својата кариера ја започна во Лидс, пред да се пресели во Њукасл.Астон Вила беше негова следна дестинација, за да следна негова дестинација биде Манчестер Сити. Следуваше преселбата во Ливерпул и зенитот на неговата кариера.
Вкупно досега Милнер одигра 631 меч во Премиер лигата.










