Лео Meси се извини за „излетот“ во Саудиска Арабија

1083

Лионел Меси без дозвола на Пари Сен Жермен отпатувал во Саудиска Арабија со што предизвика револт кај навивачите на парискиот клуб како и раководството кое го казни. Додека навивачите протестираат и бараат Меси и Нејмар да се тргнат од клубот, од ПСЖ се обидуваат да ја смират топката. Во меѓувреме и Меси излезе пред камера и им се извини на навивачите за она што го направи.

Мислев дека ќе имаме слободен ден по натпреварот како и обично. Ова патување беше договорено и не можев да го откажам. Веќе го одложив претходно… Им се извинувам на соиграчите и ја чекам одлуката на клубот што сака да прави со мене“, рече Меси во видео пораката на социјалните мрежи.

Покрај тоа, напаѓачот е амбасадор на туризмот во арапската земја и затоа ја избрал како дестинација за одмор со семејството. Се очекува Аргентинецот да не го продолжи договорот со ПСЖ и да си замине на лето.

ПретходноПандев продаде 90 отсто од акциите на Академија Пандев за 600.000 евра
СледноИ Милвоки го смени тренерот: Ни шампионскиот прстен не го задржа на позицијата