Милан по првиот дел на дербито во Серија А има предност од 2:0 во финишот на првиот дел од дуелот со Лацио. Но сепак нема премногу радост кај фановите и кај сите во таборот на овој клуб. Имено се повреди Рафаел Леао, главниот играч на Милан кој уште во 10.минута беше заменет. Првите информации велат дека станува збор за истегнување на мускулот.
Ова доаѓа на само четири дена пред градската пресметка со Интер во 1/2 финалето во Лигата на Шампионите.