Во меч кој првото полувреме траеше 65.минути, во меч во кој за Вардар стартери беа неколку младинци, Тетекс со 1:2 успеа да победи и да го шокира фаворитот попладнево на “Борис Трајковски“ во Скопје.
Вардар поведе со голот на Жоглев, потоа гостите израмнија со автоголот на Радуловиќ – Величковиќ а Богдановски во вториот дел донесе победнички гол за надеж дека Тетекс сепак може да се спаси од испаѓање. Лошо за Тетекс е што и Саса победа и тоа во Струга. Со овој пораз Вардар се откажа од битката за второто место и сега преку бараж ќе ја бара таа Прва лига.
Воска Спорт одигра 2:2 против Охрид во градското дерби, бод што значи и официјално пласман во ПМФЛ. Нема веќе дилеми, Воска Спорт следната сезона ќе игра во елитата зошто има +7 бодови пред третиот Вардар на две кола до крајот.
Гостивар победи со 0:2 на незгодното гостување кај Детонит, три бода со кои сега има +5 пред Вардар и му треба само бод на последните два меча и за пласман во елитата.
На останатите мечеви Пелистер го победи Пехчево со 2:1. Арсими и Слога (В) одиграа без голови, Кожуф ја победи Беласица со 4:2.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 28.КОЛО
ПЕЛИСТЕР – ПЕХЧЕВО 2:1
КАРАОРМАН – САСА 1:2
БОРЕЦ – БЕСА 0:4
ДЕТОНИТ – ГОСТИВАР 0:2
ОХРИД – ВОСКА 2:2
АРСИМИ – СЛОГА (В) 0:0
КОЖУВ – БЕЛАСИЦА 4:2
ВАРДАР – ТЕТЕКС 1:2