Ракометарите на Пелистер на дебито против Вардар 1961 влегоа далеку подобро, во секоја смисла на зборот, тактички Јовиќ и Шундовски отскокнуваат за разлика од Недановски. Но, тренерот на Вардар има среќа што поседува искусни ракометари, кои не дозволија мечот да отиде во непосакуван правец. По првото полувреме во Битола резултатот е 13-12.
Ристовски има две одбрани, Лесјак пет. Хосни запиша пет гола, Костески три, на другата страна Талески, Манасков и Георгиевски имаат по три погодоци.
Како што беше највено салата „Боро Чурлевски“ е исполнета до последното место, Пелистер ја има потребната поддршка од трибините.
Почна мечот изедначено, како што се очекуваше 1-1, 2-2 и 3-3. Пелистер во седмата минута дојде до првото водство (4-3), а откако гостите влегоа во серија на грешки и имаа исклучувања, домаќинот добро се снајде со серија од 4-0 поведе со 9-5 во 14 минута. Овој налет на противникот го прекина Талески, се надоврза Гоце, но нивниот тим успеа да намали на два гола 9-7.
Хосни засега е опасноста за гостите, Вардар направи и промена на голманската позиција, излезе Томовски влезе Ристовски, но и тоа не помогна, со голот на Ојлески Пелистер поведе со 13-8 во 25. минута. Недановски го повика и вториот тајм-аут.
Домаќинот не реализираше неколку напади во серија, влезе во криза, па следеше казна. Манасков со три гола, два од седум метри и еден од контранапад, Талески со еден погодок и една важна одбрана на Ристовски беа доволни за серија од 4-0 за 13-12.
Ристовски со втора одбрана, успеа да го спречи Пелистер на одморот да замине со поголема позитива (13-12).