Вардар и Е. Пелистер ги дознаа термините за 1/4 финалето во СЕХА лигата

526

Нашите ракометни клубови, Вардар и Е.Пелистер, учесници во 1/4 финалето на СЕХА лигата, ги дознаа термините за одигрување на мечевите од оваа фаза.

Па така Вардар првиот меч против Загреб ќе го одигра на 26 август, реваншот е за пет дена.

Е. Пелистер пак на 21 август во Битола ќе го дочека составот на Мешков Брест, додека реваншот се игра на 29 август. Победниците во четврфиналните двомечи ќе се пласираат на Ф4 турнирот кој ќе се одржи во Задар.

ДВОЈКИ И ТЕРМИНИ – 1/4 ФИНАЛЕ

21.08: Е. ПЕЛИСТЕР – Мешков Брест

24.08: Татран Прешов – Мотор Запорожје, Нексе – Веспрем

26.08: ВАРДАР – Загреб

29.08: Мешков Брест – Е. ПЕЛИСТЕР, Мотор Запорожје – Татран Прешов

30.08: Веспрем – Нексе

31.08: Загреб – ВАРДАР

ПретходноНавивачите на Евертон кон Бенитез: Не потпишувај за нас знаеме каде живееш
СледноМЗТ Скопје и натаму со Радуловиќ, остануваат Крстевски и Мекиќ