Пелистер на два чекори до титулата. По триумфот над директниот конкурент Вардар, вечерва, на домашен терен, Битола се спрема за големото славје, а тоа е враќањето на пехарот после 18 години.
До крајот Пелистер останува да го освои Охрид и на домашен терен да го победи Тиквеш за да стави печат на титулата.
Веќе е јасно дека битолчани нема да си дозволат кикс, па токму затоа во овој град вечерва на големо се слави победата на Вардар и секако конечно титулата.