Олимпија го освои Купот во драматично финале и заокружи двојна круна во Словенија

108

Олимпија од Љубљана го освои Купот на Словенија после неверојатно финале против Марибор. Драматичен финиш на финалето. После ВАР досуден е пенал за Марибор во 98 минута, меѓутоа Кронаветер се обрука со тоа што проба „Паненка“, а голманот му го одбрани ударот.
Се отиде во продолженија и Ласцикаш во 103 минута ја донесе Олимпија во водство со 1:0, меѓутоа Митровиќ возвраќа во 114. минута за 1:1. Кога се чинеше дека ќе има пенали се огласи судијата во 122 минута кога со помош на ВАР досуди пенал за Олимпија кој беше изведен дури во 130.минута.
Од клупата на Марибор жестоко протестираа на оваа одлука, а главниот судија покажа два црвени картони на клупата на овој тим. Елшник погоди и донесе триумф на Олимпија.
Тоа е прва двојна круна за Олимпија после 2018 година. Претходно Олимпија ја осигура и шампионската титула во Словенија.

ПретходноЛејкерс ги посрамотија Вориорс, Дејвис блескаше, Леброн со бизарен рекорд
Следно„Кралот“ Бензема e најтрофеен фудбалер на Реал Мадрид!