Уште еден култен белградски клуб испадна во аматерска лига

912

Еден од фудбалските симболи на Белград заслужено испадна во третиот, аматерски ранг на српскиот фудбал. Фудбалскиот клуб Рад кој во сезоната 2011/12 играше квалификации за Лига Европа, создаде многу фудбалери кои направија големи кариери, сега, ја дочека судбината на ОФК Белград и ќе игра во аматерски ранг.

Некогаш Звезда и Партизан губеа бодови против Рад, а вчера тимот од Бањица изгуби од Лозница (3:0) и му се придружи на ОФК Белград во Третата лига – зона Белград.

Во четирите кола од плеј-аутот освоија само бод, па така три кола пред крајот немаат шанси за да се спасат.

За Рад играа и неколку македонски фудбалери: Дејви Главевски, Александар Лазевски, Остоја Стјепановиќ, Александар Тодоровски, Горан Станиќ и Перица Станчевски.

Во овој клуб биле и Љубинко Друловиќ, Зоран Мирковиќ, Владимир Југовиќ, Ненад Гроздиќ, Горан Буњевчевиќ…

 

 

ПретходноКочоски: Струга ТЛ денеска против Силекс со сите сили на победа!
Следно„Ако одам во Битола“ испеана во еден глас (видео)