„Кралот“ Бензема e најтрофеен фудбалер на Реал Мадрид!

444

Реал Мадрид го крена трофејот од Купот на кралот по победата над Осасуна во финалето одиграно во Севиља. За кралскиот клуб тоа е 20-тиот трофеј од Купот, а со тоа и нивниот напаѓач Карим Бензема стана најодликуваниот фудбалер на клубот.
Бензема го освои 25-тиот трофеј во дресот на Реал Мадрид и се изедначи на врвот на листата со поранешниот фудбалер на мадридскиот гигант Марсело.
Севкупно Бензема има 33 трофеи во кариерата, покрај 25-те со Реал Мадрид има уште седум со Лион и една со францускиот национален тим што го прави најтрофеен француски фудбалер во историјата.
Бензема до сега има 643 натпревари за Реал и 352 гола (втор на вечната листа на стрелци) и 165 асистенции (прв на оваа листа).

ПретходноОлимпија го освои Купот во драматично финале и заокружи двојна круна во Словенија
СледноМурињо: Ме радува тоа што ме нападна човек кој е казнет поради обложување