Во таа 2015 година кога беше основан клубот Струга ТЛ, ретко кој можеше да претпостави дека на 7 мај 2023, тој клуб ќе биде пред крунисување в во најдобар клуб во Македонија. Дека токму денеска веројатно ќе се испишува историја.
Но, така е тоа кога луѓето од клубот си поставија цел, кога вложуваат големи пари, кога знаат што сакаат и кога знаат како треба.
Ете, денеска Струга може и официјално да стане шампионски град, да го одземе приматот на Скопје и Тетово, два града кои од 2008 година не ја даваат титулата никому.
За да Бесарт, Шабани, Ќосевски, Радески, Бојку, Јахја, Малески, Укпа и останатите денеска дојдат до круната ќе треба да се исполнат два услови.
Но, прво за табелата. На три кола до крајот Струга ТЛ има 59 бодови, Шкендија 54 а Шкупи 52. Значи математика е јасна.
Првиот услов е Струга ТЛ денеска да го победи Силекс на свој терен, а Шкендија да не ги освои трите бода на Чаир.
Тогаш тимот на стратегот Шпетим Дуро, денеска некаде околу 19 часот би имал 62 бода, Шкендија 54 или 55, Шкупи 53 или 55 и се ќе биде готово. Македонија ќе го добие својот нов шампион, тоа е ќе биде Струга ТЛ.
Ова се математиките, а како ќе биде останува да видиме.
Важо е што во Струга веќе неколку дена се лади шампањското, а Струга ТЛ и тоа како ја заслужи титулата. Од првото коло е лидер, имаше најконстантна форма, едноставно беше најдобра од август па до сега.