Шокантен потег на Винисиус, ова не смее да го прави играч на “кралевите“! (ВИДЕО)

6479

Може да го сакаш или не, да навиваш за него или не, но мора да се сложиш дека Реал Мадрид е најголемиот и нагламурозен клуб во светот. И затоа секој што игра за Реал мора да внимава на тоа како се однесува.

Бразилецот Винисиус Жуниор можеби е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но има проблематичен карактер. Нема натпревар на кој тој нема да направи нешто што личи на ран на инцидент. Така и на вчерашното финале во Купот на Кралот кога по мечот речиси сите играчи на Осасуна тргнаа да го тепаат, а го спасуваше тренерот Анчелоти.

Image

А што да се каже за она што Бразилецот го направи непосредно пред стартот на финалето. Сите фудбалери на Реал тргнаа да се поздрават со судиската тројка, нешто што е вообичаено во цел свет, само Винисиус тргна кон клупата да ја остави тренерката и не се поздрави со нив.

За ова доби многу негативни коментари, како од фановите на Реал така и од шпанските медиуми.

ПретходноСкандал: Фановите на Аталанта со расистички повици кон Влаховиќ, Србинот им врати со прекрасен гол! (ВИДЕО)
Следно„Ла Бонбоњера“ заминува во историјата, Бока гради нов стадион (ВИДЕО)