Работнички е првиот тим кој оваа сезона ја освои салата „Младост“. Скопскиот состав тоа го стори кого беше најпотребно, го совлада Гостивар со 63-77 за пласман во полуфиналето на плеј-офот каде го чека битка со градскиот ривал МЗТ Скопје.
Најтрофејниот кошаркарски колектив отвори како во Скопје, тргна силно, со голема самодоверба и се чинеше дека на индентичен начин ќе дојде до триумфот и на третата средба против Гостивар, но работите се промени после одморот.
Избраниците на Димитар Мираковски, лесно стигнаа до водство од 6-16, а потоа и од 9-25. Гостите доминираа и во втората четвртина, домаќинот на стартот намали на 22-28 и 25-31. Сепак ова не беше доволно да се размрдаар редовите на Работнички, кој на одморот замина со плус 8 (34-42).
Гостивар притискаше, со помош на домашната публика успеа да израмни на 48-48 и да биде на достична негатива. Но, по новите 53-53 на стартот на последната четвртина влезе во мини криза од која Работнички успеа да дојде до нова двоцифрената позитива (56-66) во 36 минута. Тука беше крајот на сите надежи.
Во редовите на победникот, Умпиг застана на 17 поени, Малешевиќ реализираше 16, Нотиџ 14, Шошкиќ 12, а Џелетовиќ уште 11 поени. Корсантиа со 18 поени беше прв стрелец кај Гостивар, со еден помалку заврши Жигон, додека Ефремовски стрелаше за 12.поени.